Site consumes quite some on a yearly basis ==> We happily accept Donations : )
Stihoven Kalibar & Macikj - Čekajki go Noe (Official video) (youtube.com)
Tекст: Стиховен Калибар & Mациќ
Музика: Трајче Цветковски
Актери: Владимир Русјаков и Деки
Користен извадок од драмата “Диво Месо”

Рефрен 2х
Сите се вмешани во грабежите
Ни треба Бог да не крепи во надежите
Животот сведен на фејсбук и твитер
Ни треба потоп да не сотре сите

Стиховен Калибар
Не верувам во тебе лицемеру доста лажеш
Да кажеш колку тендери во план имаш да лапнеш
На функција дур мамиш и од рајата се гадиш
Капиталот што го зграби апаш цел да го вратиш
Благодарение на нашето трпение
Само за себе трпате до трето поколение
Гвантанамо за вас е едино решение
Па да може да здивне цело население
Со планот вашингтонски измеќари полтронски
Во Рекет и Сваровски лоповите куртонски
Ко правда тераат а заедно вечераат
И народов за приглуп сеуште тие го сметаат
Нема правда нема мир тука има блеф и хир
Сите се поткупени од министер па до портир
Веќе со децении тука состојбата е иста
Кога гледаш исти гниди на пратеничката листа
Од кодоши и служби Mакедонецот е здробен
Раздвоен со измами духовно е упокоен
Потребна е само крупна интервенција од горе
За спасение потоп ама не го гледам Ное


Мациќ
Ќе ги најде гревот Каинов жими најмило
Секој крмак крвав крваво ќе цвика на кладило
Во името на Вавилон светост пропагира попот
Дур му гори нагон полов исто како молотов
Ќе гo бришеме подот со родот шитнат северен
Пропаднат изневерен домот е осквернавен
До кога ќе го трпиме овој терор насилен
Творам во името на секој дом во црно завиен
Грло ќе ми завие со бол за татковината
Илинденска без број бесрамно ја пердаши младината
Сите шарени покварени еднакви на шунд
Овде ружата и лавот се диктатор и култ
Сеуште се јачаат со своите книшки партиски
Мастурбираат на Јосип и паганските празници
Од алчност би украле и бебе од утроба
Фали уште еден Макстил сите да не усмртат
Буши башибузук фиромски низ свеста толку глатко
Квази субкултурата тука се продаде за Нато
Инкасаторот владин дојде да земе сешто твое
За спасение потоп ама не го гледам Ное
Null