Site consumes quite some on a yearly basis ==> We happily accept Donations : )
Kletoto Trojstvo - Raketka (kletototrojstvo.bandcamp.com)
post-mortem

lyrics

Немате харизма како нешто да ви фали 
летате со лоша призма вака се пали 
дали џоинт или битот, увек ruff, rugged шитот 
директно од basement, дали се осеќаш ко никој 
ништо, снер пиштол 
девет милиметра рапот буши како звук Бристол 
знам, не е пристојно по ваш стандард 
но мојот ум не е профилиран во рамка 
звук скопски прави старошколци 
ало момци сте Дивизија со ќорци 
викај ме Мизан со презиме Тропски 
крузаме по битови со финеси господски 
на драм драма, клетите драматурзи 
кој кур си, рокам фри битови ко тулумби 
репетирам кит драм пукам у глава 
басот пори отвара ко во стомак кашикара 
артилерија од магнум до базука 
расчади го топот барут виткаме со туфка 
турај кафа на бит Купер детективи 
не сме на мапа во горите црни се дими 
никој нормален не би го премижал вашиот нерап 
ова крева - тера да пробиеш плав кевлар 
хедбенга земај туфки тегла 
додека верглам викаат овој е нездрав.. 

(свирам тежок рап како црнците во гета 
во твојот касетофон трешти нашата касета) 


Палиме туфка свежа брат упаѓај у капела 
со вакви продуценти ја радо би акапела 
среќа Никто крева врева па креваме кров од куќа 
џезот пука ко на Blue Note да сме обиле дуќан 
како во кратка сукња цура срањево е стварно лесно 
едноставно ко детство 
но чекај! албумите во илјади се бројат 
во сржта прават спојка со канабиноидна триестројка 
па после чуди се на звуциве чудотворни 
космоси, крузаме сепросторни, проклет 
протоколот е проследен 
скоро ќе те стигне денот последен 
виде темнина па ослепе! 
слепец, ем занемен ко на mute да си ставен 
сакаш да си славен, сакаш да си супер ѕвезда 
пружи јазик и излижи го на сцената секое газе 
и пак ко да знаеш - дека си тешка беда 
тешка греда ти лупаме по плешка сега 
свест да немаш, во вреќата се будиш 
последно што ќе чуеш се нашите мрсни труби 
гавранот ми шепна на уво дека сте тапа 
па дома пред да легнеш боље провери си квака 
низ црни дупки дур се протињам, продирам 
гласови слушам викаат овој животиња...

credits

released March 11, 2018
Null